Дали сакате да ја модернизирате Вашата стоматолошкa клиникa/ординациja и/или заботехничкa лабораториja? Запознајте го Dentify.

Станете дел од нашето големо семејствоЗаедно работиме на дигитализација на Вашиот принцип на работа

Станете дел од нашето големо семејство

Dentify е основан во 2017 година. Првичната идеја беше да се создаде дигитален картон за пациентите. Сепак, слушајќи ги потребите на стоматолозите, го подобривме Dentify со сите функционалности што и се потребни на една стоматолошкa клиникa/ординациja и/или заботехничкa лабораториja, без разлика на големината. Нашата цел беше дигиталната технологија да заживее и во стоматологијата. Направивме дигитално решение кое го олеснува секојдневното управување и работа на стотици стоматолози.

Ние го создадовме најдоброто решение за сите стоматолошки клиники/ординации и/или заботехнички лаборатории кои сакаат да го подобрат и олеснат својот бизнис. Ние сме присутни на пазарот повеќе од 6 години и сме водечки софтвер во дигитализацијата на менаџментот, создадени сме со цел да им помогнеме на стоматолозите поефикасно да управуваат со нивните клиники/ординации. Нашата посветеност на иднината и дигитализацијата значи дека секогаш сме чекор понапред од останатите и постојано ја подобруваме нашата програма за да се прилагодиме на Вашите потреби.

Dentify е развиен за да биде лесен за користење, но сепак високо функционален, овозможувајќи Ви да се фокусирате на обезбедување квалитетна стоматолошка нега на вашите пациенти. Благодарение на програмата Dentify, водењето евиденција за пациентите е лесно и брзо, што Ви заштедува време и го зголемува квалитетот на услугата што ја давате.

Ние сме едно големо семејство, посветено на секој клиент и секој корисник на нашата програма. Нашата програма е единствена и иновативна и горди сме што станавме првиот избор на стоматолошки ординации низ целиот Балкан. Погледнете сами зошто сме лидери на пазарот и зошто клиентите ни веруваат. Изберете Dentify и направете ја Вашата стоматолошкa клиникa/ординациja и/или заботехничкa лабораториja уште поуспешна и поефикасна.